Во големата сала на општина Охрид, на 9.05. 2019 година (четврток), со почеток во 18 часот, ќе се одржи трибина за  режимот на сообраќајот во стариот дел на Охрид за време на летната туристичка сезона.

Целта на трибината е да се разменат мислења за летниот режим на сообраќај во овој дел на градот кој ќе биде прифатлив за граѓаните, станоиздавачите и  туристите.