Учениците од ОУТУ ,,Ванчо Питошески”, Охрид го посетија Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца и на пензионерите им приредија пријатно изненадување по повод новогодишните и божиќните празници.

Со својот личен труд, ангажман и знаење стекнати во практичната настава ги израдуваа припадниците на третата доба, со скромни подароци- храна приготвена во кабинетот на училиштето. Меѓу другото, на пензионерите им ги честитаа претстојнит празници и им посакаа долг пензионерски живот и успешна работа на Здружението.

Во рамките на празничните активности учениците од ова училиште им организираа срдечен пречек на дечињата од игротеката ,,Смајли” при што им приредија слатки изненадувања подготвени во кабинетите. Дечињата ги посетија кабинетите по послужување и готварство, како и ресторантот и се запознаа со убавините на професијата готвач и келнер. Задоволството од посетата беше обострано и на дечињата од игротеката ,,Смајли” и на учениците кои им го приредија ова слатко задоволство.