Се известуваат сите учесници во сообраќајот  односно  сопственици  на моторни возила , дека во наредните денови за време на полицискиот  час ( петок, сабота и недела), општина Охрид ќе врши обележување  на хоризонтална сигнализација во  централното градско подрачје.  Поради тоа  се молат сопствениците да ги отстранат своите возила од паркинг просторите на подолунаведениве  улици , се со цел непречено одвивање на активностите.

Паркинг простор на улиците: „ Булевар Македонски Просветители“, „ Кеј Македонија”, „ Димитар Влахов“, „ Партизанска“, „ Кузман Јосифовски Питу“, „ Ванчо Николески“, „ Серафим Китаноски“, „ Страшо Пинџур“, „ Караорман“, „ Мите Богоески“ и „ Даме Груев“.