Делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Константин Георгиески по повод 11 Октомври- Денот на Народното востание , положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци  во градски парк, во дворниот простор на  Средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“  и во Основниот Суд  како и во близина на Градските Гробишта.

Пред спомен обележјата на борците покрај градоначалникот Георгиески се поклонија Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и  советникот Димитар Манчев.