Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка  по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

– Денот на востанието е симбол на македонската борба за слобода.  Оддавајќи им почит на сите храбри борци и учесници во народноослободителното востание  ние славиме за почетокот на антифашистичката борба и поставување на темелите на македонската државност. Патот до конечната победа преку Народноослободителна борба исполнет со хероизам  и страдање ни обезбеди место на страната на правдата и на човечноста. На овој ден се слави пожртвуваноста и решителноста на македонскиот народ за слобода и за создавање на самостојна, суверена  и независна држава. Тој идеал нè води и денес во остварувањето на подобра сегашност  и иднина за нас и нашите поколенија.

Стремежот на борците  станува наш аманет за креирање  просперитетна и напредна држава  која  ќе се интегрира во европското семејство како рамноправна и еднаква со другите земји членки. 

Нека ни е честит и вековит националниот празник 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.