Градоначалникот, Константин Георгиески, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Охриди и   Република  Северна Македонија.

 – Бошњаците биле и ќе бидат значаен дел од македонското мултиетничко и мултикултурно општество. Само заедно сплотени и единствени, почитувајќи си ги различностите  можеме успешно да ја градиме нашата и иднината на нашите деца. Денешниот празник е одраз на нашата почит кон сите граѓани на нашава земја. Почитувајќи ја  културата и обичаите на заедниците ние се почитуваме самите себе си  и својата држава. Само заедно можеме да изградиме посреќно, побогато  и просперитетно  општество. Меѓусебната почит, заедништво и разбирање се вредности кои од секогаш ги негуваме и споделуваме, а така ќе биде и во иднина.

Со искрени желби за добро здравје, среќа и напредок на секој план на припадниците на Бошњачката заедница им го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците,  стои во честитка на градоначалникот Георгиески.