По повод Националниот ден на Власите, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески упати честитка до сите припадници на влашката заедница.

– „Во мое лично имe и во името на Општина Охрид упатувам срдечни честитки до припадници на влашката заедница со искрени желби за добро здравје, меѓусебно почитување и благосостојба. Власите се нераскинлив дел од градењето на нашето општество и даваат вреден придонес во негувањето на меѓуетничкиот соживот и толеранција. Одбележувањето и почитувањето на овие празници е од исклучително значење за чување и унапредување на меѓусебните односи, како и за јакнење на заедничкиот стремеж за напредок и развој на сите полиња.

Верувам дека и во иднина ќе продолжиме заедно да чекориме кон подобра иднина за нашиот град и нашата држава и да обезбедиме подобар живот за идните генерации, стои во честитката на градоначалникот Георгиески.