Градоначалникот Константин  Георгиески, по повод 28  септември, Меѓународниот ден на Бошњаците,  упати  честитка до  припадниците  на бошњачката  заедница во Општина  Охрид.

– Дозволете во мое лично име и во име на граѓаните на Охрид, најискрено да Ви го честитам 28 септември, Меѓународниот ден на бошњаците и да Ви посакам здравје, среќа и бериќет. Бошњачката заедница како посебен етнички, јазичен и културен субјект  е од особено значење за македонска држава.
Како нераскинлив дел од македонскиот мултиетнички мозаик ,Вие сте посветени граѓани на својата држава и на својата заедница. Благосостојбата и просперитетот на  Република Македонија, како наш заеднички дом, зависи од сите нас, вклучително и од бошњачката  заедница, стои во честитката на градоначалникот Константни Георгиески  упатена до бошњачката заедница во Охрид.