-Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам најискрени честитки по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија-8-ми Септември.

Овој историски ден е симбол на одлучноста и непоколебливоста на нашиот народ да го оствари својот вековен стремеж и да изгради независна, суверена и стабилна држава. Пред точно 28 години, македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина.

Денес стоиме на чекор пред остварувањето на сонот, нашата татковина да стане рамноправна членка на НАТО и на Европската Унија, каде што рамо до рамо со светските сили ќе продолжиме да ја јакнеме демократијата и да создадеме услови за стабилен економски развој и квалитетен животен стандард. Мораме да продолжиме да бидеме сплотени и заеднички да работиме кон остварување на оваа цел, која ќе донесе просперитет за нас и нашите идни поколенија.

Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна Република Северна Македонија!, се вели во празничната честитка на градоначалникот Константин Георгиески.