По повод 8-ми Април – Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до припадниците на ромската заедница.

–Меѓународниот ден на Ромите не потсетува дека почитувањето на различностите е нашата најголема сила кон остварување на заедничките стремежи за подобра иднина на новите генерации.

Ромската заедница со својата културолошка уникатност е значајна алка во сите општествени процеси и многу важен дел од мултиетничкото живеење во Охрид и Македонија.

Посакувам заедно да продолжиме да ја негуваме толеранцијата, да ги надминуваме предрасудите и да обезбедиме еднаквост и социјална правда за сите.

Во мое лично име и во името на Општина Охрид примете искрени честитки за овој значаен празник со желби за добро здравје и големи успеси на секое поле, истакна градоначалникот Пецаков во својата честитка.