Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод празникот Свети Сава упати празнична честитка до припадниците на српската заедница.

Со најискрени желби за здравје, мир и благосостојба упатувам срдечни честитки до сите припадници на српската заедница по повод големиот празник Свети Сава, првиот српски архиепископ и просветител. Ваквите празнични денови се можност да испратиме силни пораки за поголема почит и соработка. Сполотени во нашето мултиетничко општество се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да ги чуваме и унапредуваме пријателствата, како основа за поголем напредок на Охрид и на нашата држава. Посакувам верата во Бога и човекољубието да бидат водилка за идните генерации, во насока на градење на поголемо заедништво и меѓусебно разбирање, се вели во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков упатена до припадниците на српската заедница.