
ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ
- април 8, 2025
- 0
По повод одбележување на Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до сите припадници на ромската заедница во градов.
– Ромите заземаат значајно место во шареноликоста на нашето мултиетничко општество. Токму затоа активно работиме на подобрување на нивната севкупна положба, на подобрување на поширокиот екoномски и социјален статус кој зависи од нивното постојано и квалитетно образование. Образованието е основниот услов за нивниот напредок и обезбедување подобар живот.
Честитајќи ви го празникот, ве уверувам дека ќе се вклучувам во сите предизвици за заеднички и посветено да ги надминеме предрасудите. Подобрувањето на севкупната положба на Ромите значи и промоција на недискриминацијата преку почитување на традиционалните вредности и длабокото разбирање на културните особености на оваа заедница – се вели во честитката на градоначалникот Пецаков.