Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, упати честитка до сите  сограѓани  со  муслиманска   вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.

 -На сите охриѓани со муслиманска вероисповед  како и на претставниците  од исламската  верска заедница  во Република Македонија, срдечно им го честитам Рамазанскиот Бајрам.

Празникот нека внесе радост, мир и среќа во домовите и меѓу сите луѓе, а духот на рамазанскиот месец нека го достигне врвот  на својата суштина и значење преку добрите човечки односи, искреност, хуманост и простување меѓу луѓето.

Во тешките времиња најснажна се покажала човечноста, слогата и солидарноста. Во време на искушенија,  најголема вештина е да се сочува силата, а храброст е туѓите желби да се стават пред своите. На сите, Рамазан Бајрам нека им донесе  семејно единство и општествена солидарност. Денеска како никогаш  до сега   потребно ни е  да ги  подржуваме напредните идеи и да помагаме со дела.

Ви посакувам Рамазанскиот Бајрам да го дочекате во добро здравје и пријатно расположение со убедување дека деновите што се пред нас ќе донесат нови поводи за радост –  стои во честитката  на градоначалникот Кирил Пецаков, по повод празникот Рамазан Бајрам.