По повод големиот христијански празник  Воскресение Господово – Велигден,  претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска упати честитка до сите христијани  со католичка вероисповед.

  •  Драги сограѓани кои го прославувате најрадосниот христијански празник  Велигден по Грегоријанскиот календар, најискрено ви го честитам  празникот  посакувајќи  да го поминете во мир благосостојба и семејна среќа. Во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување  овој голем христијански празник не потсетува дека сите во себе носиме љубов и радост.
    Празнувањето на овој светол ден е темелот на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагаме еден со друг и да го почитуваме семејството и блиските.
    Со добра мисла  и спокој  во душите на овој ден  посакуваме здравје и среќа за ближните, милост и благослов за изнемоштените и молитва за немоќните и слабите.
    Честитајќи ви го овој голем христијански празник ви посакувам добро здравје, среќа и духовен мир.