Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за расоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2023 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа  на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот. Спортот и неговата врска со образованието, здравството, социјалата, економијата, туризмот, животната средина, промоцијата и афирмацијата на градот ни дава за право, но и обврска да направиме максимум напори за да се поддржи и помогне целокупниот негов развој. Придобивките и ефектите на спортот врз секоја индивидуа  и целиот град се основа за нашата максимална посветеност во унапредувањето на нашиот јавен и општествен интерес на градот.

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2023 ГОДИНА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОГРАМИ ОД СПОРТСКИ КЛУБОВИ, СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ, СПОРТИСТИ, ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ – ОПШТИНА ОХРИД

ПРИМЕР ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА НАРАТИВЕН И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ