Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2023 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКA ОРГАНИЗАЦИJA КОJA КООРДИНИРА ЦЕНТАР НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД КОЈ ЗГРИЖУВА И ТРЕТИРА ДЕЦА СО АТИПИЧЕН РАЗВОЈ

 

Општина Охрид за буџетската 2023 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува финансиски да поддржи граѓанска организација која работи на територијата на општина Охрид и координира Центар кој згрижува и третира деца со атипичен развој и аутистичен спектар. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на семејства од социјален ризик и теба да овозможуваат намалување на трошоците на овие семејства кон Центарот. Вкупната финансиска поддршка за оваа намена изнесува 432.000,00 денари

 

  • Услови кои организациите треба да ги исполнуваат:

– да нудат услуги на територијата  на Општина Охрид;

– да се регистрирани согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации;

– да спроведуваат активности од областа на социјалната заштита и да имаат искуство во работа со Центар кој третира и згрижува деца со атипичен развој, најмалку 1 година;  

 

  • Потребни документи и начин на пријавување

– Писмо за намери

– Програма за работа на Центарот;

– Правилник донесен од одговорното лице на Здружението кој ќе ги пропишува условите и начинот на користење на средствата кои се побаруваат од општина Охрид, како и ќе ги дефинира критериумите кои од корисниците на услугите на Центарот ќе може да бидат поддржани од средствата од општина Охрид;

– Изјава потпишана од одговорното лице на Здружението дека добиените средства од општина Охрид ќе се користат наменски, исклучиво за поддршка на лица кои доаѓаат од семејства од социјален ризик;

– Тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 месеци;

Пријавите заедно со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса: Општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр.57 – Охрид со назнака „3а Комисија за спроведување на постапка за финансиска поддршка на Центар кој згрижува и третира деца со атипичен развој , или лично во архивата на општина Охрид.

 

  • Рок на пријавување

 

Потребните документи треба да бидат доставени најдоцна 15 дена од денот на објавување на јавниот повик.

Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.

Со избраната организација ќе биде склучен и посебен договор во кој детално ќе се дефинирани условите за користење на средствата по однос на јавниот повик.

ПРАВИЛНИК