На 10 декември (вторник) со почеток во 19 часот во малата сала на Општина Охрид ќе се одржи Јавна Расправа за фискалната  стратегија и нацрт програмите за буџетот за 2020  година.

Се покануваат претставници од Урбаните и Месни заедници и заинтересирани граѓани  да бидат дел од овој настан.