Можноста граѓаните и релевантните институции да учествуваат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво претставува значајна активност и врвен приоритет на општина Охрид. Таквото двонасочно споделување информации за локалните политики овозможува да се зголеми транспарентноста и инклузивноста при креирање на програмските документи на општина Охрид и дизајнирањето на граѓански буџет за 2022 година.

Имајќи ги во предвид општествените состојби на локално и национално ниво во поглед на потребите, ставовите но и предизвиците пред кои сите сме исправени, како неопходност се наметнува потребата од вклучување на релеватните чинители и заинтересирани граѓани во процесот на подготовка на програмите за работа на општина Охрид во областа на образованието, детската и социјална заштита за 2022 година.

Во рамки на општина Охрид интензивно се одвива процесот на изработка на предлог програмите за работа во 2022 година и новиот буџет за работа па затоа е вистинско време кога треба преставниците на: граѓанскиот сектор, образовните институции, научни и социјални работници, детски градинки, отворени граѓански универзитети и граѓани да ги изнесат и презентираат своите видувања по однос на активностите кои општина Охрид треба да ги предвиди и спроведе во рамки на програмите за образование, детска и социјална заштита во текот на 2022 година.

За таа цел, Секторот за образование, детска, здравствена и социјална заштита при општина Охрид во координација и соработка со Градоначалникот на општина Охрид има особено задоволство да Ве покани на заедничка трибина која ќе се оддржи на ден 17.11.2021 година (среда) во Големата сала на Советот на општина Охрид со почеток во 12.00 часот.

Веруваме дека заедно ќе успееме да крираме програми кои ќе ги одразуваат директните потреби на граѓаните и институциите од нашиот град создавајќи услови за побрз развој и просперитет во овие многу значајни области.