Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков за В Д директор на ООУ „ Климент Охридски“ е именуван Јордан Пуроски кој доаѓа на местото на Наташа Танеска.
Пуроски е магистер по информатички технологии и професор по предметот информатика.

Новоименуваниот директор упати благодарност до градоначалникот Пецаков за дадената доверба. Пуроски беше директор на гореспоменатата образовна институција во периодот од 2013 до 2017 година.