Од понеделник (16.03.2020), фирмата „Еко Тим“ започнува со чистење на секундарната канализациона мрежа на ул. „7ми Ноември“ на потегот од кружниот тек кај ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ до кружниот тек кај „Охридска Банка“.

Заради овие активности, граѓаните кои живеат на овој потег треба сифоните да ги остават полни со вода за да не дојде до непријатни миризби. Исто така апелираме граѓаните да имаат разбирање поради евентуалниот сообраќаен метеж кој би настанал.