НОВ КРУЖЕН ТЕК КАЈ „КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА“
- јануари 9, 2020
- 0
- Категорија:
По налог на општина Охрид, а согласно сообраќајниот проект за регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје, изграден е нов кружен тек меѓу улиците „Јане Сандански“ и „Партизанска“ во непосредна близина на „Комерцијална Банка“.
Кругот е со дијаметар од 8 метри и помошен дијаметар од 6 метри што значи дека е обезбеден непречен проток на патнички и товарни возила во овој дел од градот. На кружниот тек е обележана хоризонтална и вертикална сигнализација и истиот е хортикултурно уреден.
Градежните активности ги реализираа охридските јавни претпријатија „Нискоградба“ и “Охридски комуналец“, а финансиската конструкција е на Општина Охрид.
Наредниов период, штом дозволат временските услови надлежните служби ќе извршат одводнување на токот, нивелирање на шахтите и асфалтирање на целиот круг.