ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЗ 10 И 11,ДЕЛ ОД УБ 10.4 И 11.1-ОПФАТ 2 (ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ) ОПШТИНА ОХРИД
- јуни 25, 2020
- 0
Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15и
39/16), Општина Охрид, на ден година, 19.06.2020г. донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ Детален урбанистички план за УЗ 10 и 11, дел од УБ
10.4 и 11.1-опфат 2(измена и дополнување) општина Охрид, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
- Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Детален урбанистички план за УЗ 10 и 11, дел од УБ 10.4 и 11.1-опфат 2(измена и дополнување) општина Охрид, се определуваат следните: Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
- За планскиот документ Детален урбанистички план за УЗ 10 и 11, дел од УБ
10.4 и 11.1-опфат 2(измена и дополнување) општина Охрид, кој плански документ го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
- Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство).
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и: ohrid.gov.mk
- Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.