Ohrid.gov.mk

66 – ТО „ОХРИДСКО ЛЕТО“

ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ

66 - ТО „ОХРИДСКО ЛЕТО“

Градоначалникот Кирил Пецаков   синоќа на сцената на Античкиот театар во Охрид го проследи  свеченото отворање на 66-то издание на најпрестижната музичко – сценска   манифестација во земјава и регионов, „Охридско Лето“.

 Светски познатата сопранистка Ермонела Јахо и  прочуениот американски тенор Чарлс Кастроново приредија  спектакуларна оперска гала вечер. Тие  беа придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на италијанскиот маестро Марко Боеми.

Фестивалот за отворен го прогласи покровителот, претседателката на државава, Гордана Сиљановска – Давкова.

„Охридско лето“ се рализира под покровителство на претседателот на  Македонија и со поддршката од Владата преку Министерството за култура и туризам, Општина Охрид, генералниот спонзор А1 Македонија и партнерите.

 Фестивалската завеса по традиција  се спушта на 20-ти август.

Tags :

Споделете: