СРЕДБА НА РАКОВОДИТЕЛИТЕ НА ПЕНЗИНСКИТЕ ФОНДОВИ ОД ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА
- јуни 20, 2019
- 0
Денес во хотелот “Инекс Олгица“се одржува средба на раководителите на фондовите/ советите, за пензиско и инвалидско осигурување од земјите на поранешна Југославија. Присутните од името на градот Охрид, ги поздрави советникот Ристо Николески.
– Имам особена чест и задоволство во мое лично име и во името на градот Охрид, да ви посакам топло добредојде и успешна работа на вашата средба и пријатен престој во Охрид.
Делејќи го просторот на некогашната заедничка држава, верувам дека останале старите врски, а новите околности овозможиле нови поврзувања и размена на искуства во креирање на заеднички иднина за нашите граѓани.
Во овој момент некои од нашите соседи или членки на поранешната заедничка држава, се со полнопрано членство во Европската Унија, а други се на патот на зачленувањето. Но, она што може да се истакне како заеднички напор е креирањето на услови за еднаков третман на сите наши граѓани на заедничкиот европски простор – истакна во своето обраќање Николески.
На единаесеттата традиционална средба, присуствуваат околу 70 претставници од сите делови на некогашната заедничка држава.