ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 3/2021 ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ОПШТИНА ОХРИД
- август 5, 2021
- 0
Врз основа на член 48 став (4) од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и Сл.Весник на РСМ бр. 14/20) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на РСМ“ бр. 11/15 и 35/18), општина Охрид објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 3/2021
за унапредување на административни службеници во општина Охрид
Општина Охрид објавува интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следното работно место:
1. ИНС0101В01001 Советник – Овластен инспектор за туристичка и угостителска дејност во Одделение за инспекциски надзор- инспекторат -1 (еден) извршител.
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија
- активно да го користи македонски јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации
стекнати најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки или Туризам и угостителство.
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку три години работно искуство во струката.
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
Општи работни комепетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странки/засегнати страни и
- финансиско управување.
Распоред на работно време:
- Работни денови:од Понеделник до Петок
- Работни часови неделно: 40 часа
- Работно време: од 08:00 до 16:00 часот
- Паричен износ на основна нето плата:300,00 денари
На интерниот оглас може да се пријават административни службеници вработени во Општина Охрид кој ги исполнуваат општите и посебните услови пропишани за работните места како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при оценувањето за 2020 година,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на тековното работно место и
- да не му е изречена дисциплинска мерка за 2020 година.
Кон пријавата можат да се приложат и други докази:
- потврди за успешно реализирани обуки и
- потврди за успешно реализирано менторство.
Административниот службеник се пријавува со пополнување на пријава објавена во прилог на интерниот оглас.
Пополнетата пријава со потребната документација треба да се достави до архивата на општина Охрид и до службената електронска адреса: administracija@ohrid.gov.mk
Рокот за пријавување изнесува 5 (пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас на web страната на институцијата.
Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавените административни службеници ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката на веб станата на општина Охрид и тоа:
Фаза 1 – административна селекција се спроведува најдоцна 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување.
Фаза 2 –интервју се спроведува во рок од 5 дена од завршување на фаза 1.
НАПОМЕНА:
Административниот службеник кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.