ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ
Одделението за образование ги врши работите што се однесуваат на:
- изготвување анализи, информации и извештаи за работите и состојбите во основното и средното образование во Општината;
- подготвување предлог за усвојување на годишната програма за работа и извештајот за реализација на годишната програма на основните и средни училишта и на ученичките домови;
- прибирање податоци и правење анализи на предлозите на уличиштата за запишување ученици во основно и средно образование;
- подготвување предлог за запишување ученици во основните и средните училишта и за запишување и прием на ученици во ученичките домови;
- изготвување извештаи за реализација на уписната политика;
- подготвување предлог за формирање паралелки со помал број ученици во основните и средните училишта.
- устројување евиденција за опфатот на децата во основното и средното образование и предлага мерки за подобрување на состојбите;
- следење на состојбите за опфатот на децата со посебни потреби во системот на основното и средното образование;
- подготвување предлог за прекин на воспитно образовната работа во вонредните состојби;
- покренување иницијативи за изменување и дополнување на наставните планови и програми во постојните основни и средни училишта за задоволување на посебните потреби на Општината во согласност со потребите на пазарот на трудот;
- иницирање активности за воннаставни активности во основните и средните училишта;
- водење регистар на основните и средните училишта и на ученичките домови на подрачјето на општината;
- давање стручно мислење по предлозите за основање основни и средни училишта, ученички домови и установи за образование за возрасни;
- подготвување предлог за покренување постапка за престанување со работа на основни и средни училишта, ученички домови и установи за образование за возрасни;
- предлагање мерки и активности за подршка и помош на иницијативите за модернизација на училиштата и на ученичките домови;
- преземање активности поврзани до доквалификација и преквалификација на возрасни лица;
- врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.
Контакт: Димитар Спасески
Телефон: (046) 262492 / (046) 262493 лок. 199
E-mail: obrazovanie@ohrid.gov.mk