ФИНАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ „МАПИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРСКАТА ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“
- март 2, 2023
- 0
- Категорија:
Со завршниот настан кој се одржа минатата седмица, Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина ‐ Регионален зелен центар Охрид успешно го финализираше проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“.
На настанот беа сумирани и презентирани постигнатите резултати како и сите реализирани активности. Во рамки на настанот се одржа и промоција на документарниот филм за трската во Охридското Езеро, изработен во рамки на овој проект.
Тимот на РЗЦ Охрид упати огромна благодарност кон сите кои што на било каков начин дале придонес и биле вклучени во проектот, со надеж дека ваквите иницијативи ќе бидат побројни и во иднина.
Проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).