По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28.08.2025 г. (четврток) Општина Охрид организира бесплатен превоз до с. Скребатно каде се одржува традиционалниот празничен собир.

Тргнувањето е во 09:00ч. од автобуската постојка кај пекарата „Мартина“ на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец.

Превозот ќе го врши компанијата „Бале турс“.