Во просториите на Општина Охрид, денес, се одржа конститутивна седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Охрид.

Советот го сочинуваат 13 членови:претставници од Општина Охрид, претставници од СВР Охрид и професори од сообраќајна струка 

На седницатат беше разгледан и усвоен Деловникот за работа, беше дискутирано за  тековните активности поврзани со безбедноста на сообраќајот, состојбата со инфраструктурата, како и предлози за  Годишната програма на Советот за 2026 год. која ќе биде усогласена во рамките на буџетот на Општина Охрид.