Денеска стартуваа подготвителните активности за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ со кој значително ќе се подобри изгледот на централниот дел на градот.

‎Проектот за реконструкција предвидува ново партерно уредување со гранитни плочки. Ќе биде поставено модерно јавно осветлување и современа урбана опрема. Исто така, предвидено е и соодветно хортикултурно уредување.

Во теренски увид на просторот каде што ќе се одвиваат градежните работи беше градоначалникот Кирил Пецаков заедно со дел од администрацијата која е задолжена за реализација и следење на проектните активности, како и директорите на јавните претпријатија.

Вредноста на проектот е 45.000.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Изведувач на градежните работи е АД „Карпош“ од Скопје.