- Телефон : +389 46 262 492
- Работно време : Пон-Пет 08:00 - 16:00
|
Веб страницата се ажурира! Доколку преку соодветниот линк не се отвара потребната страница или документ, во адресата на линкот (address bar) додадете: "official." Пример: https://official.ohrid.gov.mk/ или испратете mail на [email protected] |
октомври 23, 2026

Со синоќешната свечена акадмија „Од идеја до независност“ која што беше и централен настан во богатата празнична програма на Општина Охрид, се одбележа 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Пред публиката во Центарот за Култура „Григор Прличев“ се обрати Заменик градоначалничката на Охрид, Ана Крстеска.
– Во предвечерието на утрешнината, со голема гордост и длабока почит го одбележуваме 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Овој велик и свет ден е симбол на непокорот, мудроста и вековниот копнеж на македонскиот народ за слобода, правдољубивост и сопствена државност.
На овој голем ден пред повеќе од еден век, беше постравен темелот на организираниот македонски пркос и иеалот за слободна, самостојна и независна држава.
Шестмина визионери водени од љубовта кон својот народ и татковината, ја запалија искрата на револуцијата која брзо прерасна во сенароден пламен.
Револуционерната борба не беше само борба со оружје во рака, таа беше идеја за единство, за просвета, за зачувување на идеалот дека македонскиот народ е господар на сопствената судбина. Од идеалите на 1893 година преку палменот на Илинден 1903, па се до државотворниот АСНОМ во 1944 година, генерации родољуби го вградија својот живот во идеалот наречен слободна и независна Македонија. Тоа не беше само борба за слобода туку и за градење држава во која идните генерации ќе живеат во мир, достоинство, напредок и меѓусебно почитување.
Охрид, како лулка на македонската писменост, култура и духовност отсекогаш имал посебно место во оваа борба. Нашиот град даде бројни синови и ќерки кои не се колебаа да ги положат своите животи за идеалот – слободна Македонија.
Нивната храброст, жртва и непоколебливост се вградени во секој камен на нашиот древен град и во нашата национална меморија.
Денеска нашата борба е поинаква , но еднакво важна. Денес се бориме со знаење, труд, чесност и посветеност. Борбата на нашата генерација е да изградиме модерни, развиени и европски држава и град. Градиме заедница во која младите ќе ја гледаат својата иднина тука, на својата дедовина, а постарите ќе имаат достоинствени услови за живот .
Почитта кон минатото се покажува со дела во сегашноста. Секој проект, секоја нова училишна зграда, подобрена инфраструктура и секоја поддршка за нашите граѓани е наш придонес кон остварувањето на заветот што ни го оставија идеалистите од 1893 година.
Нека ни е честит и вековит 23-ти Октомври – Денот на Македонската Револуционерна Борба!
Да ги чуваме нашата традиција, историја и идентитет. Да бидеме обединети пред сите предизвици и заедно да продолжиме да градиме подобра иднина за Охрид и Македонија. Да живее Македонија – рече Крстеска.
Чествувањата по повод големиот национален празник започнаа пред два дена со промоција на ученичката поетска збирка „Тие доаѓаат“ во издание на Општина Охрид.
Јавете се во Општина Охрид или пријавете проблем:
КОМИСИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ
КОМИСИЈА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ МЕЃУ МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ
КОМИСИЈА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ ПРАЗНИЦИ И МАНИФЕСТАЦИИ И ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
КОМИСИЈА ЗА МЕСНА САМОУПРАВА
КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
КОМИСИЈА ЗА ОПШТЕСТВЕНИ ДЕЈНОСТИ
КОМИСИЈА ЗА УРБАНИЗАМ
КОМИСИЈА ЗА ЈАВНИ И КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ
КОМИСИЈА ЗА ТУРИЗАМ И ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
КОМИСИЈА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА, ИЗБОРИ И ИМЕНУВАЊЕ
СТАТУТАРНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИИ И БУЏЕТ