Category: Градоначалник
-
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ШЕФОТ НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО МАКЕДОНИЈА КЛЕМЕНС КОЈА
Градоначалникот Кирил Пецаков, оствари протоколарна средба со Шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која. На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочува Охрид. Се разговараше за УНЕСКО, а градоначалникот делегацијата ја информираше со чекорите што Локалната самоуправа ги презема во согласност со препораките на УНЕСКО. Градоначалникот ги запозна гостите со начинот…
-
ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ
Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, упати честитка до сите сограѓани со муслиманска вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам. -На сите охриѓани со муслиманска вероисповед како и на претставниците од исламската верска заедница во Република Македонија, срдечно им го честитам Рамазанскиот Бајрам. Празникот нека внесе радост, мир и среќа во домовите и меѓу сите…
-
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ УПАТИ ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ
Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка по повод 1.Мај-Меѓународниот ден на трудот. – Во мое лично име и во името на Општина Охрид Ви го честитам Меѓународниот ден на трудот со најискрени желби за добро здравје, напредок и многу успеси. Солидарноста, социјалната правда и борбата за унапредување на работничките права се основните симболи на овој празник.…
-
ДОМАШНИ И СТРАНСКИ НУРКАЧИ ВО ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
Околу 80 нуркачи од земјава и од странство учествуваа во големата акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад, која се одржа денеска во Охрид. Организатор на акцијата е нуркачкиот центар „Амфора“,како дел од финалните активности на проектот „Охрид ЕКО2022“. Настанот беше поддржан од Општина Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков упати благодараност до…
-
БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА НА АЛБАНСКИТЕ И МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ЗА ЗАШТИТА НА РЕГИОНОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
Денес во Тушемиште, соседна Албанија, се одржа билатерална средба, посветена на заштитата на регионот на Охридското езеро и неговото сливно подрачје. Од македонска страна, покрај министерот за Животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, присуствуваа и градоначалниците на Охрид, Струга и Дебрца, Кирил Пецаков, Рамиз Мерко и Зоран Ногачески. На средбата беа избрани нови членови…
-
ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ
По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до сите граѓани од православна веросиповед. – На овој прекрасен ден, нека Бог Ве благослови со здравје, мир и огромна среќа. Светлината на Христовото Воскресение, нека Ви ги покаже највозвишените човекови чувства и нека Ве научи повеќе да се радувате,…
-
ПРАЗНИЧНИ ПАКЕТИ ЗА ЛИЦА ОД СОЦИЈАЛЕН РИЗИК
По повод велигденските празници, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и секретарот Александар Китески доделија пакети со прехранбени производи и средства за хигиена на лица од социјален ризик. Дел од пакетите беа доставени во студентскиот дом „Никола Карев“, каде оваа категорија луѓе користат услуги, а дел во црквата Св. Богодродица – Каменско за верниците. …
-
ИФТАРСКА ВЕЧЕР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ
Градоначалникот Кирил Пецаков, вечерва, организира ифтарска вечер за граѓаните од муслиманска вероисповед. Оваа вечер се организира во духот на меѓусебното разбирање, почитување, толеранција и соживот. Ифтарската вечер под покровителство на градоначалникот на Општина Охрид се организира традиционално години наназад, со цел да ги зајакне односите помеѓу охриѓани и да испрати порака за хуманост и солидарност.…
-
ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до сите Римокатолички верници кои во недела го празнуваат големи христијански празник Велигден. – На сите сограѓани кои Велигден го празнуваат по грегоријански календар, им посакувам празникот да го поминат во мир, добро здравје и семејна среќа. Само со почитување на традициите и христијанските вредности, можеме да го…
-
АМБАСАДОРИ И ВИСОКИ ДИПЛОМАТИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Во организација на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, денеска во посета на Општина Охрид беа амбасадори и високи дипломати од странските амбасади во нашата држава. Оваа посета е дел од промотивниот караван за презентација на економските потенцијали и инвестициските можности на Југозападниот регион. Во своето обраќање пред значајните гости градоначалникот Кирил Пецаков истакна…