Ohrid.gov.mk

ОДРЖАНА ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПРОЕКТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ТРИ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

Денес, во просториите на општина Охрид со почеток во 10 часот се одржа јавна дебата на која беа поканети и присуствуваа заинтересирани жители, претставници на медиуми, родители на ученици, како и вработени во училиштата  кои гравитираат на просторот на кој се лоцирани трите основни училишта кои се опфатени во рамки на проектот (ПСЕЕП) – Светска банка, кој вклучува финансирање на изработка на проектно техничка документација и финасирање на инвестициски проекти за енергетска ефикасност за следните под-проекти,  Реконструкција на ООУ Христо Узунов со ЕЕ мерки,  Реконструкција на  ООУ Братство Единство-Лескајца со ЕЕ мерки, Реконструкција на ООУ Св. Климент Охридски со ЕЕ мерки. Општинина Охрид ќе добие 80% од одобрените средства како долгорочно позајмување со потпишување на договор за под-заем со Министерството за финансии. Останатите 20% се доделуваат како грант средства на општините со потпишување на договор за грант со Министерството за финансии. За време на јавната дебата беа детално презентирани поднесените проектни фишеа за секој од објектите при што од страна на присутните беа истакнати предлози за надополнување на предвидените градежни мерки за дел од објектите. Воедно, во текот на јавна дебата се формира Одбор на корисници кој  се состои од по четири членови за секое училиште со почитување на родовата еднаквост на Одборот за секој од под-проектите. Одборот на корисници е составен од вработени во училиштето, родители на ученици и граѓани кои ќе биде вклучени во текот на планирањето и реализацијата на под-проектите.            

ЈАВЕН ПОВИК- ПРОЕКТ OHRID GO – ROADS NOT TAKEN # PC1- 1.1.1

Проектот на Општина Охрид: “Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO), објавува јавен повик насловен како: ROADS NOT TAKEN # PC1- 1.1.1. , за ангажирање на лице за работа на истиот на следнава административна позиција:   Позиција бр. 1.- 1.1.1. Проектен асистент – потребно е едно лице кое ќе биде ангажирано за период од 28 месеци со  половина работно време.   Основни информации за проектот:   Општина Охрид како добитник на проектот по првиот повик на Годишниот ИПА II – ЕУ за општини- “Подобрување на услугите на локалната самоуправа преку иновативни концепти”, под наслов:” “Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO)”, како лидерски и прв партнер соработува со следниве партнери: Општина Воден; Друштво за интелигентни дигитални решенија, консалтинг и услуги „Стелар Солушнс“ ДООЕЛ, Скопје. Имплементацијата на проектот започна на 01 декември 2021 година, a се очекува да заврши во рок од 30 месеци. Работниот план на проектот се заснова врз следните цели: Намалување на количината на јаглерод диоксид кој се ослободува од транспортот преку создавање на потребните предуслови за позелена урбана мобилност со воспоставување (проширлив) Smart City Bike System; Диверзификација на локалната туристичка понуда со воведување зелени рекреативни содржини како што се Адреналински парк и Pump- track како сигурно и забавно решение за повеќето стaросни групи) како и заеднички паметни маркетинг алатки во функција на  зелен алтернативен туризам; Насочување на фокусот на локалната економија кон основите базирани врз знаењето и фактите, а локалната политика да се креира со инклузивен пристап  на општествените иновации преку воспоставување и водење на  така-наречен Центар за паметни идеи (Smart Ideas Hub) кои ќе ги мобилизираат и личните профили и ресурси преку што би се обезбедил одржлив развој. Проектот ќе придонесе за подобрување на состојбата со која е засегнато локалното население, во смисла на сообраќаен метеж, загадувањето на воздухот, преполните урбани локации, недостатокот на квалитетни работни места за младите, недостатокот на разновидни слободни активности кои нудат иновативни, паметни и универзално достапни решенија за горенаведените проблеми. Крајната целна група се (младите) претприемачи. Младите кои се заинтересирани да основаат сопствен бизниси во услужната економија директно ќе имаат корист од Центарот за паметни идеи (Smart Ideas Hub) кој ќе биде достапен за соработка, регистрација на бизниси и ќе обезбедува обуки, центарот ќе биде и соодветно место за собирање млади луѓе. Конечниот краен бенифит од проектот им припаѓа на граѓаните. Граѓаните ќе имаат корист од имплементацијата на иновативни решенија кои се справуваат со развојните проблеми и создаваат предуслови за одржлив развој заснован на економија базирана на знаење. Социјалните и политичките иновации се најдоброто средство преку кое  се приближуваме до поразвиените земји со што неизбежно се генерира одржлив развој.   Повеќе детали за Јавниот повик во приложените документи:   [vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”sandy_brown”]ЈАВЕН ПОВИК- ПРОЕКТ OHRID GO – ROADS NOT TAKEN # PC1- 1.1.1[/vc_message][/vc_column][/vc_row]              

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРEДЛОГ ИДЕИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2022 ГОДИНА

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08), Градоначалникот на Општина Охрид објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРEДЛОГ ИДЕИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2022 ГОДИНА   ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид за 2022 година, ќе поддржи предлог идеи на здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита. Предлог проектите да се однесуваат на активности од областа на социјалната заштита кои ќе бидат насочени кон директна помош и конкретни активности, со цел поквалитетна и потранспарентна постапка за изработка на програмата за социјална заштита за 2022 година.   ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ Здруженија на граѓани, асоцијации и слично, кои работат во рамките  од областа на здравствената и социјалната заштита.   НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на предлог идеја, каде   детално ќе биде образложена идејата и ќе има финасиска рамка. Предлог идеите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, ќе се реализираат  во рамките на програмата за социјална заштита во текот на 2022 година. Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави. Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и нецелосни предлог проекти без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат. Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт на адреса: Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид со назнака за „Јавен повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на социјалната заштита на општина Охрид  за 2022 година“  лично во архивата на Општина Охрид. Јавниот повик ќе трае 8( осум) дена од денот на објавувањето (до среда 24 Ноември до 13.00 часот).   КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ За да се утврди дека програмите и проектите се од интерес на Општина Охрид, тие треба да исполнуваат најмалку еден од следниве општи критериуми: да допринесат за побогат, поквалитетен и разновиден јавен живот на ниво на општината од областа на социјалната заштита; иновативност, впечатливост и оригиналност на идејата; воспоставување на соработка и партнерства во рамките на предложениот проект со една или повеќе јавни установи од општината, национални установи, граѓански организации, образовни, социјални и здравствени институции и други организации; одбележување јубилејни настани и значајни датуми; организирање на меѓународни манифестации што се одржуваат во Општина Охрид; стимулирање и поддршка на разни партнерски меѓународни проекти; потикнување на креативноста и подобрување на развојот на децата и младите и лицата со посебни потреби; унапредување на животот на лицата со ретки болести и посебни потреби; развој на спортските активности кај лицата со посебни потреби; стимулирање и потикнување на здравјето на граѓаните;   ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК Избраните проекти за финансирање ќе бидат составен дел од Програмата за социјална заштита.   ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 046 262 492/262 493 (во Одделение за детска, здравствена и социјална заштита).          

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ “OHRID GO” ВО ВРЕДНОСТ ОД 716.766,оо ЕВРА

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска го потпиша договорот за имплементација на проектот „Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO)“, кој е финансиран од страна на ЕУ преку програмата EU for Municipalities. Проектот има за цел зајакнување на капацитетот на локалната власт, пилотирање на неколку зелени, паметни и иновативни идеи кои се справуваат со локалните проблеми и овозможување на модуларност на интервенцијата со предвидување натамошна донаторска поддршка. Воедно, проектот таргетира економско закрепнување и максимално искористување на неговите економски аспекти засновани на дигитално знаење. Во последната деценија, Охрид бележи постојан пораст како на туристичкиот сектор, на кој традиционално се потпира охридската локална економија, така и на другите економски сектори како што се производството и градежништвото. Во исто време, развојот е нерамномерен територијално и во однос на економските сектори, што е видливо во  концентрација на стопанските и туристичките и рекреативни активности во внатрешниот урбан дел на општината и брегот на езерото, неискористен потенцијал на руралниот туризам, релативно висока стапка на невработеност која доаѓа во позадина на недостаток на работна сила во туристичкиот и производствениот сектор и постоењето на силна технолошка и индустриска традиција на работната сила, преполна транспортна инфраструктура особено во текот на летото времиња. Притоа, постои консензус дека овие меѓусебно поврзани предизвици можат најдобро да се решат на целосен, паметен, иновативен и зелен начин, во согласност со современите случувања во секторот за развојна поддршка и новите национални и меѓународни приоритети. Општината ја гледа предложената акција како чекор кон тоа да стане поспособна за спроведување на акции кои ја надминуваат изградбата на основната инфраструктура со што се задоволуваат потребите на „новата генерација“ на граѓаните и посетителите. Главната нишка на проектот е санација на традиционално запуштениот простор на поранешната воена касарна, кој од локалната самоуправа е идентификуван како област со огромен потенцијал за одржлив развој, што е стратешки важно за идниот развој на Охрид. Најголем дел од објектите поставени како дел од проектот ќе бидат лоцирани во оваа област и најголем дел од активностите ќе се одвиваат таму. Визијата на општината е да ја трансформира оваа зелена и убава област, со над 20 хектари земјиште и стотици квадратни метри во 6 згради со традиционална индустриска архитектура во рекреативен и деловен центар на градот кој ќе привлече жители, посетители, инвеститори, како и иновативни бизниси кои даваат поттик на локалната економија и ги движат активностите од внатрешното јадро на центарот на градот. [vc_row][vc_column width=”1/3″][vc_single_image image=”18368″ onclick=”img_link_large”][/vc_column][vc_column width=”1/3″][vc_single_image image=”18369″ onclick=”img_link_large”][/vc_column][vc_column width=”1/3″][vc_single_image image=”18371″ onclick=”img_link_large”][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]Севкупно, проектот ќе го зајакне капацитетот на општина Охрид да стратегиизира, планира и имплементира иновативни, паметни и зелени решенија за локалните развојни предизвици кои се во согласност со приоритетите на ЕУ. Ова ќе се реализира преку: Намалување на отпечатокот на CO2 со воведување на алтернативни средства на урбана мобилност, односно зелен урбан систем – Smart City Bike System. Ќе бидат набавени 60 смарт велосипеди, кои ќе бидат поставени на 10 докинг станици (паркиралишта), со што населението и посетителите на иновативен начин, преку посебна апликација ќе можат да ги користат во градот и околината. Диверзификација на локалната туристичка понуда преку воведување зелени рекреативни соджини (Адреналински парк и Pump Up патека), и Развој на локалната економија базирана на знаење преку формирање на Smart Ideas Hub како старт-ап центар.   Воедно во рамки на проектот ќе биде изработена генерална физибилити студија со акционен план за долгорочен развој на поранешната касарна, која се предвидува да прерасне во технолошко-рекреативна зона. Исто така, со цел унапредување на претпримништвото и локалната економија, во новоформираниот старт ап центар, предвидени се голем број на обуки и менторства во насока на развој на практични вештини потребни за развој на старт ап бизниси.   Вкупната вредност на проектот изнесува 716.766,00 eвра, а партнери на проектот се Општина Воден од Грција и Стелар Солушнс од Скопје.         [/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]

100 КУЛТУРНИ ЗНАМЕНИТОСТИ ВО ОХРИД ДОБИЈА ИНФОРМАТИВНИ ТАБЛИ СО QR КОД

Општина Охрид постави современи информативни табли со QR код на 100 објекти од културно значење, како дел од Проектот за дигитализација и промоција на културното наследство „Интеррегионално управување со културно наследство, Е-Системи“-„ИРЦ -ХЕРМЕС“. Туристите и жителите на градот ќе можат преку скенирање на кодот да добијат информации кои се значајни за објектот од културно наследство. Ваков вид на информативни табли за прв пат се поставени на културни објекти во нашата држава, а со имплементација на овој проект Охрид е пионер во дигитализација на културното наследство. Проектот „Интеррегионално управување со културно наследство, Е-Системи“-„ИРЦ -ХЕРМЕС“, општина Охрид го имплементира во партнерство со Универзитетот за технологија од Кипар, Истражувачкиот и иновативен центар за информации, комуникација и технологии од Атина, општините Самос и Крф од Грција, „ЕЛЕТ“ од Грција и Ауледа од Албанија. Проектот е финансиран од програмата „Интерег Балкан-Медитеран 2014-2020“ на Европската Унија и вклучува иновативен електронски систем за дигитализација на наследството, кој има добиено европска награда за иновативност. Освен во Охрид, културното наследство е дигитализирано и во уште три балкански градови, кои се под заштита на УНЕСКО од Грција и Албанија. Освен дигитализација на културното наследство, проектот има за цел да придонесе и кон развојот на културниот туризам и едукација на младите и туристите за значењето на културното наследство. Како резултат на проектот, општина Охрид, за прв-пат доби дигитална мапа на културното наследство, во која се опфатени околу 130 објекти кои имаат посебно културно значење за градот. Податоците од овој систем може да се користат во насока на туристичка промоција, но и за други потреби на општината. Базата на објекти кои ќе се евидентираат и понатаму ќе расте и ќе се развива во рамки на програмата на системот на ХЕРМЕС.          

ЗАПОЧНА СО РАБОТА ЦЕНТАРОТ „ЕДНА ТОЧКА ЗА УСЛУГИ“ ВО ОХРИД

Градоначалникот Константин Георгиески заедно со Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, беа во посета на центарот „Една точка за услуги“ кој денеска официјално започна со работа во Охрид. Центарот за услуги е сместен во стариот влез на зградата на општина Охрид и истиот ќе овозможи на едно место да се добијат повеќе услуги, со што значително ќе се намали времето на чекање на граѓаните при обезбедување на информации и документи. – Во име на граѓаните на општина Охрид упатувам благодарност до Министерството за информатичко општество и администрација за отварањето на овој центар, кој ќе придонесе за подобрување на ефикасноста на државните служби, поедноставување на процедурите за издавање на документи и зголемување на бројот на е-услуги. Со овој центар, услугите ги правиме подостапни за граѓаните, ги дигитализираме и ги поедноставуваме постапките, изјави градоначалникот Георгиески. Тој истакна дека со формирање на Агенцијата за дигитализација и фузирање на општинските услуги, во иднина ќе се зголемат услугите на овој центар, кои се под ингеренција на локалната самоуправа. Министерот Шаќири рече дека целта на центарот е да ги обедини сите државни институции во Република Северна Македонија и да го поедностави пристапот на граѓаните до институциите. Граѓаните во центарот за услуги ќе може да добијат околу 65 целосно дигитални услуги, за 62 услуги, центарот ќе воспостави дигитални комуникации со другите институции, а 800 услуги ќе бидат сервисни информации. Петходно, во рамки на својата работна посета на Охрид, министерот Шаќири имаше работен состанок со градоначалникот Георгиески.          

ПОДОБРЕНО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО КРАЈБРЕЖНИТЕ СЕЛА И НАСЕЛБИ

Градоначалникот Константин Георгиески заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска направија увид на пумпните станици „Љубаништа“, „Црн Дрим – Св. Наум“ и „Трпејца“ кои беа комплетно реконструирани. Целта на оваа инвестиција е да се обезбеди поквалитетно, навремено, економично и енергетски ефикасно водоснабдување на жителите од крајбрежните села и населби, како и да се подобрат условите за сместувачките капацитети, кои гравитираат на овој дел од брегот на Охридското Езеро. Вкупната вредност на реконструкцијата на трите водоводни постројки изнесува 4.120.000 денари, а средствата се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во соработка со Општина Охрид и ЈП „Водовод“. Покрај поставувањето на новите пумпи, извршена е и целосна замена на електричната и водоводна инсталација во објектите. Реконструкцијата е извршена согласно стандардите и одобренијата за водоснабдување. Според пресметките, со замена на пумпите, ќе се остваруваат големи годишни заштети за потрошена електрична енергија и значително ќе се намалат трошоците за редовно одржување. Исто така, со средства одобрени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во износ од околу 7 милиони денари, Општина Охрид започна со изработка на Урбанистички планови за охридските села: Велгошти, Горно Лакочереј, Орман, Вапила, Љубаништа, Трпејца, Косел, Рамне, Сирула, Елшани, Лескоец, Опеница, Куратица, Лагадин, Долно Коњско, Долно Лакочереј, Подмоље и Горно Коњско. Со урбанистичкото планирање на руралните населени места се овозможува унапредување на условите за живеење и развој на туризмот. Градоначалникот Георгиески заедно и директорот Бачовски разговараа и за идните можности за соработка на нови заеднички проекти, кои се од големо значење за населeните места во Охридскиот регион.          

ПРОМОВИРАНИ МОЖНОСТИТЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА

Начинот на аплицирање на активниот Јавен повик од мерката 7 „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2014-2020 година, беше главната тема на информативно-едукативниот настан, кој во организација на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се одржа денеска во Општина Охрид. На презентацијата присуствуваа голем број заинтересирани граѓани од Охридскиот регион, кои работат во рамки на приоритетните сектори за поддршка и кои може да  аплицираат на оваа мерка. На настанот свое обраќање имаше градоначалникот Константин Георгиески кој истакна ваквите настани се од голема корист за подобра информираност на заинтересираните странките во врска Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ-ИПАРД, како и со начинот на аплицирање на програмата. Тој нагласи дека Охрид како туристички центар има големи потенцијали за аплицирање и учество на вакви фондови и програми за поддршка, особено во делот за промоција и развој на руралниот туризам, креирање на услуги во земјоделството и занаетчиските дејности. Јавниот повик 01/2021 за мерката 7 е објавен на 8-ми јули 2021 година и во тек е доставувањето на Барањата за користење на средствата. Рокот за аплицирање е 22-ри август 2021 година. Сите заинтересирани странки треба да ги достават комплетно пополнетите Барања за користење на средства и целокупната документација до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Повеќе информации за Јавниот повик може да прочитате на приложениот линк:     ЈАВЕН ПОВИК БР.01/2021 ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА 2014-2020          

ЗНАЕЊЕ, ЗАШТИТА И ВРЕДНУВАЊЕ НА СТАРИТЕ УРБАНИ ЈАДРА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

Општина Охрид е учесник во проектот на тема: Знаење, заштита и вреднување на старите урбани јадра во Република Северна Македонија и Албанија, во организација на Асоцијацијата Места и градови со исклучителни вредности во Франција, која во 2020 година беше еден од победниците на конкурсот „Готов проект“ на Министерството за надворешни работи на Франција со проектот предложен во партнерство со Република Северна Македонија и Албанија Во овој проект се вклучени 16 градови од трите држави со поддршка на придружни членки: Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура на Албанија, Заедницата на единиците на локална самоуправа, Асоцијацијата на архитекти на Македонија како и професионалци и експерти за културно наследство и урбанизам од земјите учеснички, и тоа следните градови : Франција (6): Ремс (Reims), Кале (Calais), Периге (Périgueux), Елбеф (Elbeuf), Ла Реол, (La Réole) и Болие-Ле-Лош (Beaulieu-lès-Loches) Северна Македонија (8): Битола, Охрид, Штип, Велес, Берово, Куманово, Кратово, и Кавадарци Албанија (2): Берат и Елбасан Овој двогодишен проект има зацртано три цели: знаење, заштита и вреднување на културното наследство, што пак, упатува на трансверзална работа за спојување на алатки за урбанизам на културното наследство со зголемување на свеста на граѓаните и избраните претставници, како и  промоција на локалитетите. Проектот вклучува соработка меѓу француските, македонските и албанските професионалци, подобрување на размената на искуства меѓу трите земји, иницирање на методи за заедничко работење во однос на културното наследство и јакнење на  професионалните компетенции на партнерите вклучени во проектот (студиски посети и стажирање, работилници, обуки, семинари). За постигнување на очекуваните резултати, француската Асоцијација ќе им даде поддршка на градовите од Северна Македонија и Албанија во креирањето алатки за управување, заштита и вреднување на културното наследство, што пак, ќе овозможи испитување на разни приоди за работа што можат подоцна да се продлабочат (инвентаризација на културното наследство, алатки и активности за медијација, сигналитика на културното наследство). Работните групи редовно ќе одржуваат состаноци што ќе овозможи континуирано следење на активностите со размена на идеи за завршните производи. Преку комуникациски активности ќе се постигне подобро запознавање со проектот и учесниците, зголемување на свеста на населението за културното наследство и поширока промоција. Проектот е конципиран и прилагоден според потребите во двете земји и подразбира вклучување на општините и разни партнери, јакнење на компетенциите на избраните претставници и на стручните лица, креирање алатки за заштита и вреднување на културното наследство како и подобрување на соработката на регионално, национално и меѓународно ниво. Значајна цел на овој проект е да придонесе во размената на искуства и експертиза, корисни за сите партнери учесници.  На тој начин, проектот ќе овозможи: отпочнување конкретни активности со воспоставување оперативни алатки што можат да послужат како база за поголеми проекти; зајакнување на компетенциите на професионалните лица во раководењето, заштитата и вреднувањето на културното наследство; споделување на искуствата во меѓународната мрежа со мултидисциплинарни тимови  и олеснување на реализацијата на проектите преку децентрализирана соработка; зајакнување на медијацијата на локалното население за културното наследство и  присуство на меѓународен план; олеснување на меѓународна мобилност на партнерите во проектот, со цел поголема размена на искуства за време на проектот помеѓу македонските, албанските и француските партнери; овозможување широки видици на учесниците во проектот за збогатување на нивната практична работа; искористување на можноста за промоција на меѓународно ниво на проект кој е победник на француското Министерство за надворешни работи.[vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]ЗНАЕЊЕ, ЗАШТИТА И ВРЕДНУВАЊЕ НА СТАРИТЕ УРБАНИ ЈАДРА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА[/vc_message][/vc_column][/vc_row]          

ОТВОРЕН СОВЕРЕМЕН ЦЕНТАР ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА ВО БОЛНИЦАТА „СВ. ЕРАЗМО“

На пригодна свеченост, денес, беше ставен во функција реконструираниот современ центар за физикална терапија во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” – Охрид. Реконструкцијата и опремувањето е реализирано со средства обезбедени преку грантовата шема за инвестициски проекти во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка. На свеченоста пригодни обраќања имаа градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, министрите Венко Филипче и Горан Милески, како и директорот на Јзу „Св. Еразмо“, Ацо Велески и  раководителката на Центарот за развој на Југозападен плански регион, Мирјана Лозаноска. Исто така на отворањето обраќање имаа и Рамис Мерко, претседател на Советот за развој на Југозападен плански регион и Нејзината Екселенција Сибиле Сутер Тејада, Амбасадор на Швајцарија во Република Северна Македонија.