Ohrid.gov.mk

ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИИ НАМЕНЕТИ ЗА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ И ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ОПШТИНА ОХРИД

Постапувајќи по Јавниот повик за доделување на стипендии на лицата со ретки болести и посебни потреби во општина Охрид, комисијата донесе одлука за доделување стипендии на следните баратели:     Поврзани вести: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА УЧЕНИЧКИ, СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ КАКО И СТИПЕНДИИ ЗА ЛИЦА ЗАПИШАНИ НА МАГИСТЕРСКИ И ДОКТОРСКИ СТУДИИ НА ДРЖАВНИТЕ И ПРИВАТНИТЕ УЧИЛИШТА И УНИВЕРЗИТЕТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА А СЕ ОДНЕСУВААТ НА ЛИЦА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ И ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ОПШТИНА ОХРИД ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА         

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКA ОРГАНИЗАЦИJA КОJA КООРДИНИРА ЦЕНТАР НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД КОЈ ЗГРИЖУВА И ТРЕТИРА ДЕЦА СО АТИПИЧЕН РАЗВОЈ

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2023 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува:   ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКA ОРГАНИЗАЦИJA КОJA КООРДИНИРА ЦЕНТАР НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД КОЈ ЗГРИЖУВА И ТРЕТИРА ДЕЦА СО АТИПИЧЕН РАЗВОЈ   Општина Охрид за буџетската 2023 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува финансиски да поддржи граѓанска организација која работи на територијата на општина Охрид и координира Центар кој згрижува и третира деца со атипичен развој и аутистичен спектар. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на семејства од социјален ризик и теба да овозможуваат намалување на трошоците на овие семејства кон Центарот. Вкупната финансиска поддршка за оваа намена изнесува 432.000,00 денари   Услови кои организациите треба да ги исполнуваат: – да нудат услуги на територијата  на Општина Охрид; – да се регистрирани согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации; – да спроведуваат активности од областа на социјалната заштита и да имаат искуство во работа со Центар кој третира и згрижува деца со атипичен развој, најмалку 1 година;     Потребни документи и начин на пријавување – Писмо за намери – Програма за работа на Центарот; – Правилник донесен од одговорното лице на Здружението кој ќе ги пропишува условите и начинот на користење на средствата кои се побаруваат од општина Охрид, како и ќе ги дефинира критериумите кои од корисниците на услугите на Центарот ќе може да бидат поддржани од средствата од општина Охрид; – Изјава потпишана од одговорното лице на Здружението дека добиените средства од општина Охрид ќе се користат наменски, исклучиво за поддршка на лица кои доаѓаат од семејства од социјален ризик; – Тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 месеци; Пријавите заедно со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса: Општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр.57 – Охрид со назнака „3а Комисија за спроведување на постапка за финансиска поддршка на Центар кој згрижува и третира деца со атипичен развој , или лично во архивата на општина Охрид.   Рок на пријавување   Потребните документи треба да бидат доставени најдоцна 15 дена од денот на објавување на јавниот повик. Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани. Со избраната организација ќе биде склучен и посебен договор во кој детално ќе се дефинирани условите за користење на средствата по однос на јавниот повик.  [vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]ПРАВИЛНИК[/vc_message][/vc_column][/vc_row]            

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА УЧЕНИЧКИ, СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ КАКО И СТИПЕНДИИ ЗА ЛИЦА ЗАПИШАНИ НА МАГИСТЕРСКИ И ДОКТОРСКИ СТУДИИ НА ДРЖАВНИТЕ И ПРИВАТНИТЕ УЧИЛИШТА И УНИВЕРЗИТЕТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА А СЕ ОДНЕСУВААТ НА ЛИЦА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ И ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ОПШТИНА ОХРИД ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА

[vc_row][vc_column][vc_column_text]Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2023 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува:  [/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА УЧЕНИЧКИ, СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ КАКО И СТИПЕНДИИ ЗА ЛИЦА ЗАПИШАНИ НА МАГИСТЕРСКИ И ДОКТОРСКИ СТУДИИ НА ДРЖАВНИТЕ И ПРИВАТНИТЕ УЧИЛИШТА И УНИВЕРЗИТЕТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА А СЕ ОДНЕСУВААТ НА ЛИЦА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ И ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ОПШТИНА ОХРИД ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА [/vc_message][vc_message message_box_color=”orange”]ПРАВИЛНИК [/vc_message][vc_message]ПРИЈАВА[/vc_message][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]            [/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕДНАКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЛИЦЕ КОЕ Е ЗГРИЖЕНО ВО ЗГРИЖУВАЧКО СЕМЕЈСТВО НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Врз основа на член 22 став 1 точка 7, член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 15 став 1 точка 7, член 34 став 1 точка 15 од Статутот на општина Охрид, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2023 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува:   ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕДНАКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЛИЦЕ КОЕ Е ЗГРИЖЕНО ВО ЗГРИЖУВАЧКО СЕМЕЈСТВО НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД             Општина Охрид за буџетската 2023 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на лица (деца) кои се згрижени во семејства што опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Предвидената финансиска поддршка изнесува 10.000,00 денари по згрижено дете.   Услови кои лицата треба да ги исполнуваат: – да се згрижени во семејство на територијата  на Општина Охрид;   Потребни документи и начин на пријавување – пријава за користење еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид; – копија од лична карта од носителот на згрижувачкото семејство; – трансакциска сметка од носителот на згрижувачкото семејство; – решение за сместување во згрижувачко семејство издадено од надлежен Центар за социјална работа;    Пријавите заедно со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса: Општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр.57 – Охрид со назнака „3а Комисија за спроведување на постапка за еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид , или лично во архивата на општина Охрид.   Рок на пријавување  Потребните документи треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на јавниот повик. Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.    [vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]ПРАВИЛНИК[/vc_message][vc_message]ПРИЈАВА[/vc_message][/vc_column][/vc_row]            

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА РАДОСТ НА НАЈМЛАДИТЕ

Со цел да ги разубават новогодишните и божиќните празници на најмладите, градоначалникот Кирил Пецаков, претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, денеска поделија вкупно 300 новогодишни пакетчиња. Новогодишни пакетчиња беа поделени во Дневниот центар „Зраци“, новоотворената игротека за деца со цребрална парализа „Радост“, посебната паралелка во ООУ „Свети Климент Охридски“ и Дневниот центар „Доброљубие“ во црквата „Свети Ѓорѓија“.  Новогодишни пакетчиња добија и дечињата при здружението „Ретко е да си редок“, дечињата во здружението „Тајните на моето срце“, дечињата од центрите на здружението „Во мојот свет“, како и на дечињата кои се лекуваат во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ и во Општата Болница во Охрид.          

ПРОМОВИРАН ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ВО СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА ЗА КАРДИОВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА „СВЕТИ СТЕФАН“

Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков денеска присуствуваше на пригодниот настан за промоција на инвестицикиот проект „Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија-Охрид, набавка на опрема и дигитализација“. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот се осврна на важноста на овој проект и упати благодарност до сите кои се заслужни за неговoто реализирање. – Ми претставува особено задоволство и чест што денеска сум дел од промоцијата на важен инвестициски проект, со кој значително ќе се подобрат условите за лекување и третман на пациентите во оваа престижна здравствена установа. Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ е гордост за Охридскиот регион, но и вистински пример за успешна здравствена институција во нашата држава. Се радувам што важноста на оваа болница беше препознаена и вреднувана од страна на Центарот за развој на југозападниот плански регион, Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, кои ја поддржаа реализацијата на овој проект, вреден нешто повеќе од 23 милиони денари. Реконструктивните зафати кои се предвидени во рамки на проектот ќе овозможат подигнување на нивото на услугите за пациентите и посовремени услови за дијагностика. Сето ова ќе придонесе и во насока на подобрување на условите за развој на здравствен туризам, привлекување на што поголем број странски пациенти и промоција на специјалната болница во соседните земји и пошироко. Климатските погодности на Охридското крајбрежје се вистински благодет за здравјето на луѓето и затоа нашиот регион е идеален за развој на здравствен туризам, но сепак нeoпходен е поголем ангажман и истовремено заедничко делување од сите страни. Посакувам овој проект да биде појдовна точка за зацврстрување на соработката помеѓу државните институции, министерствата и фондовите со цел поголемо инвестирање заради подобрување на капацитетите, како и поголемо вложување во здравствениот кадар за стручно усовршување. Но секако потребна е и поголема соработка со туристичкиот сектор за поголема промоција на расположливите потенцијали и привлекување на странски пациенти. Локалната самоуправа и јас како градоначалник секогаш ќе бидеме подготвени за соработка на ова поле, а во доменот на нашите ингеренции ќе ги поддржиме проектите кои се од големо значење за развој на здравствениот сектор. Оваа можност сакам да ја искористам и да упатам благодарност до Швајцарската агенција за развој и соработка за поддршкатата на овој проект, како и за целокупната досегашна соработка на проекти кои се имплементирани во Охрид. Се надевам дека и во иднина ќе се родат нови можности за соработка и дека наскоро ќе можеме да промовираме нови проекти кои се во интерес на граѓаните. Исто така, упатувам благодарност и до Центарот за развој на југозападниот плански регион и Министерството за локална самоуправа за тоа што Охрид секогаш зазема значајно место во проектите за регионален развој. На искусниот и етаблиран тим на болницата „Свети Стефан“ им посакувам успешна имплементација на проектот и уште поголеми успеси во насока на развој на оваа установа и нејзино издигнување на уште повисока позиција во здравствениот систем, истакна Пецаков во своето обраќање. На настанот свое обраќање имаше директорката на Центарот за развој на југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска, државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Кирил Парталов и директорката на болницата, д-р Елена Коваческа Башуроска.          

ОТВОРЕНА КАНЦЕЛАРИЈА НА СОВЕТОТ НА ПОТРОШУВАЧИ НА ОПШТИНА ОХРИД

Денес на прес конференција беше претставена работата на новата канцеларија на Советот на потрошувачи на Општина Охрид. Претседателот на оваа организација, Вангел Спироски, зборувајќи за работата на новата канцеларија во рамките на Општина Охрид истакна: – Во рамките на локалната самоуправа, Советот за заштита на потрошувачите на ниво на единиците на локалната самоуправа согласно ЗЗП се конституира како постојано работно тело на советот на општината. Советот за заштита на потрошувачите предлага локални двегодишни програми за заштита на потрошувачите во согласност со Програмата за заштита на потрошувачите на Владата, која ја усвојува советот на општината, Комплексноста на правната рамка е една од причините за донесување на Програма за заштита на потрошувачите на општина Охрид, заради едукација, информирање и советување на потрошувачите жени и мажи  за нивните права како потрошувачи, вклуќувајќи ја и енергетската ефикасност и одржливата потрошувачка. Согласно програмата се очекува активно учество на Општина Охрид во подобрување на состојбите со потрошувачките права и практики  на нејзината територија – подеднакво за сите граѓани, земајќи ги в предвид нивните различности по основа на пол, род, попреченост и други различности кои ги поседуваат.                                                                 Основна цел на Програмата за заштита на потрошувачите со вграден аспект на одржлива потрошувачка и родов аспект,  е фокусирана на  едукација на јавноста за заштитата на потрошувачите и подобрување на состојбите со потрошувачките права и практики во Општина Охрид во наредниот двегодишен период, согласно со двегодишните програми за заштита на потрошувачите на Република Северна Македонија, која на предлог на Министерството за економија ја усвојува Владата на РСМ. Во името на Оштина Охрид зборуваше советникот Перчо Божиноски, кој во оваа прилика подвлече: – Во рамките на активностите предвидени со програмата за 2022-2023 година, Општина Охрид за прв пат ќе овозможи заштита на потрошувачите преку директен контакт со нив овозможувајќи бесплатни советувања на потрошувачите два пати неделно во периодот од 10 до 14 часот. Со ова се подигнува степенот на едукација на граѓаните како потрошувачи во Охрид и им се овозможува подобра информираност како да ги заштитат правата како потрошувачи. Исто така оваа програма предвидува и информативни и едукативни трибини за правата на потрошувачите во општина Охрид, како за возрасните така и за децата.  Предвидени се активности за едукација на децата како потрошувачи со  цел да им се овозможи пристап до информации и советување, да ги препознаат основните стандарди за безбедност на производите и нечесните практики на пазарот. Зајакнувањето на позицијата на потрошувачите и ефикасната заштита на нивната сигурност и нивните економски интереси, дигитализацијата, енергетската ефикасност, климатските промени, активностите за рамноправна  застапеност и подобрување на положбата на потрошувачите жени и мажи и одржливата потрошувачка претставуваат клучна цел во програмата за заштита на потрошувачите на Општина Охрид. Канцеларијата ќе биде отворена за граѓаните во деновите Вторник и Четврток во периодот од 10-14 часот.        

ОТВОРЕН ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска присуствуваше на свеченото отворање на Дневниот центар за деца со церебрална парализа, кој започна да функционира во простории на поранешната касарна.   Во своето обраќање пред присутните градоначалникот потенцираше дека Општина Охрид дава силна поддршка на процесот на обезбедување на подобри услови за лицата со посебни потреби и нивна поголема инклузија во општествените текови. – Искрено се радувам што преку вистински дела покажуваме дека имаме слух, волја и желба да ги поместиме границите и да ги надминеме пречките. Горд сум што дел од моите заложби за обезбедување на подобри услови за сите категории на граѓани во нашата општина, преку овој денешен настан стануваат реалност.   Чест ми е, што денес го отвораме првиот Дневен центар за згрижување на деца со церебрална парализа во Општина Охрид. Со ова правиме еден значaен чекор во подобрување на перцепцијата, надминување на предрасудите за поголема инклузија на лицата со посебни потреби и обезбедување на услови кои ќе им го разубават животот и ќе им го олеснат секојдневието на нивните најблиски. Навистина ми е драго што конечно овие дечиња ќе добијат катче за социјализација и дружење и дека конечно ќе излезат надвор од изолацијата на своите домови. Отворањето на оваа инклузивна игротека претставува прва фаза од старешката цел на општина Охрид, а тоа е отварање на Центар за лица со попречености каде на едно место ќе се обединат сите дневни центри и нивната работа ќе се постави институционално. Општина Охрид од првиот ден на мојот мандат даде силна поддршка на овој процес и тука особено сакам да го истакнам залагањето и посветеноста на Здружението на граѓани ВООПС од Охрид кои несебично се вложија во реализацијата на овој проект. На нивно барање, Советот на општина Охрид донесе одлука, со која им го додели овој простор и оттогаш практично започнаа активностите за неговото уредување. Реформата која како општина ја воведовме во областа на финансирањето на невладините организации и станавме дел од  RELOAD програмата заедно со УНДП, овозможи нашите невладини организации да може да аплицираат со проекти и да добијат средства со кои би можеле да направат позначителни инвестиции во различни области. Токму оваа инклузивна игротека е производ на нашиот заеднички пристап и желба за решавање на проблемите од овој вид. Тука се заблагодарувам на УНДП што во општина Охрид и во Здружението на граѓани ВООПС од Охрид видоа партенер за реализација на овој проект. Со денешниот настан ја завршуваме првата фаза од реализацијата на нашата замисла. Стручните служби на општина Охрид и Здружението на граѓани ВООПС, на повикот на Министерството за труд и социјална политика доставија апликација за воспоставување на дневен центар за лица со попречености на територијата на општина Охрид. Замислено е на едно место да се оформи центар по сите стандарди, со потребните стручни лица во него, со што значително ќе се олесни животот на лицата со посебни потреби и нивните семејства. Планираме во скоро време и Дневниот центар Зраци да го префрлиме на оваа локација со што ќе им овозможиме посоодветни услови и на лицата кои се згрижени таму. Многу е значајно да разбереме дека обезбедувањето на простор во кој лицата со посебни потреби ќе имаат подобар живот, не е привилегија за нив, тоа е една неопходност преку која ќе можат полесно да ги совладаат сите предизвици, со кои се соочуваат на патот кон остварување на нивните права. Убеден сум дека преку заедничка работа и посветеност ќе ги оствариме нашите замисли и дека Охрид ќе биде пример за инклузивна општина која помага и овозможува подобри услови за сите нејзини граѓани особено за ранливите категории.  Посакувам успешна работа на центарот и многу заеднички проекти, истакна градончалникот Кирил Пецаков во своето обраќање. Од страна на здружението на граѓани ВООПС и претставниците на УНДП беше искажана голема благодарност до градоначалникот и Општина Охрид за отстапениот простор и целокупната поддршка. Исто така беше искажана благодарност и до сите општествено одговорни фирми и поединци кои помогнале за опремување на просториите.            

ОПШТИНА ОХРИД СЕ ПРИКЛУЧИ НА КАМПАЊАТА „ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ, СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ“

На Градскиот плоштад, денес, се реализираше кампања под мотото „Подај рака и промени живот, стани згрижувач“. Во кампањата активно се вклучи и градоначалникот Кирил Пецаков. – Со цел да ја подигнеме свеста кај семејствата за што повеќе деца да бидат згрижани ја организираме оваа презентација денес во соработка со СОС Детско село. Како Локална самоуправа се вклучуваме во кампањата „Подај рака и промени живот, стани згрижувач” и веќе работиме на тоа за згрижувачките семејства да обезбедиме еднократен причен надомест од 15 000 денари. Ова ќе го предвидиме во програмата за социјална заштита за 2023 година. Оваа помош и поддршката од Општината за хуманите семејства кои ќе ја поддадат раката за да згрижат дете, ќе претставува почеток на поддршката која ќе придонесе децата да прдолжат да живеат во семејство, во заедница и во позната околина, истакна градоначалникот Пецаков. Денешниот настан  се реализираше во рамки на националната кампања која се спроведува од страна на СОС Детско село, во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства ,,11 Октомври” и ,,Битола” , Министерството за труд и социјална политика и Општина Охрид.              

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРEДЛОГ ИДЕИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2023 ГОДИНА

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08), Градоначалникот на Општина Охрид објавува:   [vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРEДЛОГ ИДЕИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2023 ГОДИНА[/vc_message][/vc_column][/vc_row]