Датум:
март 16, 2023
2023-03-16T00:00:00+01:00
2023-03-17T00:00:00+01:00

Доктор Елена Каваева  е исклучителна личност, хуманист и основоположник на современото здравство во Охридско – струшкиот крај, во нашата земја, а и во делови од Република Албанија.

Напуштајќи богат семеен живот во родната Полска и високи општествени позиции во Русија, како прва жена лекар целиот свој работен век  го поминува помаѓајќи и дење и ноќе секому кому му била потребна лекарска помош, без разлика на народност, вера и материјална состојба.

Не постои повозрасен жител на Охрид кој не се сеќава или не слушнал за докторката Каваева. Многумина, а не без причина, ја споредуваат со Мајка Тереза.