Охридското здружениена автомобилисти USCCO со поддршка на Општина Охрид и оваа година ќе ja организира изложбата на спортски модифицирани и уникатни автомобили Night car show. Настанот ќе се одржи на 10.08.2024 година (Сабота) со почеток во 19:00 часот, на отворениот простор во поранешната касарна.

Целта на изложбата е збогатување на туристичката понуда на Охрид, продолжување на туристичката сезона со атрактивни настани и привлекување на поголем број на домашни и странски гости.

Според најавите на изложбата ќе учествуваат претставници на повеќе странски земји кои ќе ги постават на рагледување своите уникатни автомобили. Настанот ќе биде од натпреварувачи карактер и ќе биде збогатен со музичка програма и забавни содржини за посетителите.

Како најава за Night car show во текот на изминатиот викенд на плоштадот „Чинар“ беше организирана изложба на ретки модели на автомобили.