По повод големиот христијански празник  Воскресение Господово – Велигден, ЈП „Градски пазар“ и годинава на Велики четврток организира  Велигденски Базар .

Настанот којшто е од хуманитарен карактер ќе се одржи на плоштадот  „Чинар“ со почеток во 11 часот.

Ќе  бидат изложени традиционални јадења, рачни изработки и  сувенири. Настанот  ќе биде збогатен со уметничка програма во чии рамки ќе  настапат  децата од ЈОУГД „Јасна Ристеска“ и учениците од основните училишта во Охрид.