- Телефон : +389 46 262 492
- Работно време : Пон-Пет 08:00 - 16:00
|
Веб страницата се ажурира! Доколку преку соодветниот линк не се отвара потребната страница или документ, во адресата на линкот (address bar) додадете: "official." Пример: https://official.ohrid.gov.mk/ или испратете mail на [email protected] |
август 9, 2026

Денеска кога се поклонуваме во чест на Св. Климент Охридски во куќата на Уранија се одржа свечена церемонија на која се одбележаа 35 години од формирањето на Охридската Академија на хуманизмот. Пред државниот врв, ехцеленции и светската културна елита беа доделени Светската награда за хуманизам на проф. д- р Кристоф Бенедиктер и Повелбата на хуманизмот на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод 40 години од неговото замонашување.
Пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков кој ги врачи високите награди на годинашните добитници.
– Има ретки места во Светот каде што историјата, духот и природата се толку длабоко испреплетени што самиот камен и езерото зборуваат за вечноста. Охрид – нашиот свет град со векови е лулка на словенската писменост, култура и духовна светлина. Уште од времето на Св. Климент Охридски овој град е седиште на мисионери кои градат мостови меѓу луѓето, тие го палат светилникот на знаењето како вечен извор на човечноста.
Денес одбележуваме голем и значаен јубилеј – 35 години од формирањето на Охкридската академија на хуманизмот. Три и пол децении, оваа реномирана институција неуморно ја чува, негува и надградува идејата дека хуманизмот не е само апстрактен филозофски концепт, туку жива насушна потреба за опстанок и напредок на човештвото.
Во Свет исполнет со брзи промени, глобални предизвици и немири, академијата постојано не потсетува на она што е најсуштински: сочувството, дијалогот, меѓусебното почитување и негувањето на доброто во човекот.
Токму во овој дух, вечерва кога го празнуваме и воздигнуваме името на Климент Охридски, имам особена чест и привилегија да ја врачам Светската награда за хуманизам на д-р Кристоф Бенедиктер.
Неговиот долгогодишен научен, филозофски и општествен ангажман е сјаен пример за тоа како вистинскиот интелектуален капацитет и знаење се ставаат во службаа на целото општество.
Со својата посветеност кон глобалната солидарност, етиката и општото добро, д-р Бенедиктер дава непроценлив придонес кон зачувувањето и промоцијата на хуманистичките идеали во современиот свет.
Со ова високо признание д-р Бенедиктер станува дел од плејадата истакнати светски мислители и хуманисти чие име засекогаш е запишано во духовната мапа на Охрид.
Почитуван д-р Бенедиктер, Ви ја честитам Светската награда за хуманизам. Ви посакувам добро здравје и уште многу години инспиративна работа во ширењето на хуманистичката мисла.
За мене е огромна чест и привилегија во името на сите наши сограѓани да ви ја врачам оваа општа Повелба по повод четири децении од Вашето замонашување. Вашиот четридецениски духовен подвиг, истрајност и посветеност на црквата и народот се духовен светилник и инспирација за сите нас. Ви посакувам добро здравје и уште многу години успешно да ја раководите нашата света Македонска православна црква- Охридска архиепископија.
На Охридската академија на хуманизмот и го честитам 35 – годишниот јубилеј, со желба и во иднина да остане силен глас на разумот, мирот и човечноста што екна од срцето на Охрид кон сите меридијани – подвлече Пецаков.
На настанот се обратија и Академик Катица Ќулавкова. Пригодно обраќање имаше и добитникот на повелбата Г.Г. Стефан.
Јавете се во Општина Охрид или пријавете проблем:
КОМИСИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ
КОМИСИЈА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ МЕЃУ МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ
КОМИСИЈА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ ПРАЗНИЦИ И МАНИФЕСТАЦИИ И ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
КОМИСИЈА ЗА МЕСНА САМОУПРАВА
КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
КОМИСИЈА ЗА ОПШТЕСТВЕНИ ДЕЈНОСТИ
КОМИСИЈА ЗА УРБАНИЗАМ
КОМИСИЈА ЗА ЈАВНИ И КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ
КОМИСИЈА ЗА ТУРИЗАМ И ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
КОМИСИЈА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА, ИЗБОРИ И ИМЕНУВАЊЕ
СТАТУТАРНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИИ И БУЏЕТ