Цел ден

ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕ НА ПЕТРЕ ЧАУЛЕ

18 декември 1880 година е роден охридскиот револуционер и војвода Петре Чауле. Во текот на Илинденското востание бил војвода на мешеишката чета и раководител на охридскиот револуционерен комитет. Во Првата светска војна бил началник на Охридскиот округ, а во 1913 година предводи чета која се бори против српската власт во рамките на Охридско-дебарското востание. Бил потписник на Мајскиот манифест од 1924 година, за независна и обединета Македонија. Бил убиен од врховистите во Милано, на 23 декември 1934 година.