- Телефон : +389 46 262 492
- Работно време : Пон-Пет 08:00 - 16:00
ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕ НА СТЕФАН ЈАКИМОВ ДЕДОВ
октомври 28

На 28 октомври 1869 година во Охрид е роден Стефан Јакимов Дедов – еден од поактивните македонски преродбеници. Како студент на Белградскиот универзитет, во 1902 година е основач на Македонски клуб кој го издава својот орган „Балкански гласник“ под негова редакција. Но, заради прокламирање на македонската национална програма и македонскиот јазик, како посебен, за кратко време весникот бил забранет, а Стефан Дедов, заедно со Дијамандија Мишајков, морале да ја напуштат Србија и да заминат за Петроград во Русија. Таму, Дедов е еден од иницијаторите за формирање на Македонско научно-литературно другарство. Во април 1903 година во Софија го издава весникот „Балкан“, а во 1904 година е издавач на третиот весник „Куриер“ како орган на „новото македонско движење“. Дедов е потписник на Меморандумот до Руската влада, што претставува прва комплетна македонска национално-ослободителна програма. Убиен е по порачка во Софија, како соработник со тогаш завојуваната Србија.
