- Телефон : +389 46 262 492
- Работно време : Пон-Пет 08:00 - 16:00
- Ова настан помина.
ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО НА ДИМИТРИ МИТАН ПРВИОТ ПРОФЕСИОНАЛЕН ФОТОГРАФ
април 23

На 23 април 1865 година во Охрид е роден првиот професионален фотограф Димитри Митан. Според датумот на раѓање тој е 20 години постар од Милтон Манаки, па се смета за ментор на браќата Манаки во овој занает. Покрај бројните фотографии што ги направил кон крајот на XIX и почетокот на XX век, Димитри Митан, во историјата на македонската фотографија е запаметен по фотографијата што ја направил во Кадино Село, по самоубиството на четата на Методи Патчев во 1902 година. Со својот апарат тој сликал и комитски чети, а во 1925 година го сликал и српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ, пред црквата Св. Богородица Перивлепта.
