- Телефон : +389 46 262 492
- Работно време : Пон-Пет 08:00 - 16:00
ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕ НА АНДОН ДУКОВ
декември 20

20 декември 1909 година е роден е еден од првите охридски ликовни уметници и првоборец, Андон Дуков. По провалата во Охрид во 1941 година, тој го избегна судењето, префрлувајќи се во Албанија, а потоа се вклучи во партизанското движење. Загина како борец на Првата македонско-косовска ударна бригада – замрзна во Февруарскиот поход на 14 февруари 1944 година. Повеќе културни и образовни установи во Охрид, го носеа неговото име.
