- Телефон : +389 46 262 492
- Работно време : Пон-Пет 08:00 - 16:00
- Ова настан помина.
ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕ НА АТИНА БОЈАЏИ
март 13

13 март 1944 година е родена легендарната охридска пливачка, Атина Бојаџи. Таа била светски шампион во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон одржан во 1962 година. Вкупно двапати била светски првак на слатки води. Во 1962 година со испливување на патеката Капри-Неапол станала светски првак на солени води. Врв на нејзината пливачка кариера е препливувањето на каналот „Ла Манш“ на 9 септември 1969 година, за време од 13 часа и 20 минути и со тоа станува првата Македонка, која го остварила овој успех. Во 1977 година во чест на овој подвиг на Атина Бојаџи бил снимен филмот „Исправи се, Делфина“. Во 1998 година Македонскиот олимписки комитет ја овенчува со признанието „Великан на македонскиот спорт“, а во 2000 година Утрински весник ја прогласи за спортист на векот.
