- Телефон : +389 46 262 492
- Работно време : Пон-Пет 08:00 - 16:00
- Ова настан помина.
ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕ НА ВАНГЕЛ НАУМОСКИ
март 22

22 март 1924 година во селото Скребатно, Охридско, е роден најпознатиот македонски сликар на наивата, Вангел Наумоски. Се запишал во Средното уметничко училиште во Скопје, но бил избркан како неталентиран, па затоа продолжил самостојно да го пробива патот до успехот во уметноста, како сликар на наивата. Првата негова самостојна изложба е поставена во Охрид, во 1954 година, а зад него оставил над 30 самостојни и над стотина групни изложби.При посетата на неговата изложба во Париз во 1970 година, големиот уметник од светски глас Салвадор Дали, изјавил дека Вангел Наумоски е сликар од бајките. Добитник е на голем број врвни награди од областа на културата, меѓу кои и Светската награда за култура. Починал во Охрид на 13 јуни 2006 година.
