- Телефон : +389 46 262 492
- Работно време : Пон-Пет 08:00 - 16:00
- Ова настан помина.
ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕ НА ПЕТРЕ ПИРУЗЕ – МАЈСКИ
мај 5

5 мај 1907 година е роден познатиот охридски револуционер и адвокат Петре Пирузе – Мајски. По завршувањето на правниот факултет во Белград, пред војната, тој се враќа во родниот Охрид, каде што се вклучил во напредното младинско движење.
Во 1941 година, поради својата револуционерна активност, во отсуство е осуден на смрт со бесење, од страна на бугарскиот окупатор, заради што рано се вклучува во партизанската илегала во Дебрца, каде што развил мрежа на партизански организации, за претстојната борба. Бил член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, командант на Втората оперативна зона и потписник на Манифестот на Главниот штаб од 1943 година. За време на Информбирото, во 1950 година бил осуден и испратен на Голи Оток, а во 1966 година е рехабилитиран. Носител е на „Партизанска споменица 1941“. Починал во Охрид на 12 јануари 1980 година. Негова спомен биста е поставена пред Основниот суд во Охрид.
