Вчитување на Настани

« Сите Настани

ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕ НА ХРИСТО УЗУНОВ

октомври 22

22 октомври 1878 година е роден познатиот македонски револуционер, учител и охридски војвода  Христо Узунов.

Во текот на Илинденското востание бил началник на охридскиот револуционерен округ, член на Охридското горско началство и  учесник на Смилевскиот конгрес. На Конгресот го застапувал мислењето дека нема услови да се дига востанието, но морал да ги почитува заклучоците на поголемиот дел од делегатите на Конгресот. Во текот на Илинденското востание раководел со четите во борбата кај Рашанец. По Илинденското востание ја продолжил револуционерната активност со својата чета, но во 1905 година бил предаден и опколен од турскиот аскер во селото Цер. Не сакајќи да се предаде, целата чета извршила колективно самоубиство на 24 април 1905 година. Оставил претсмртно писмо во кое порачува да продолжи борбата до конечно ослободување на Македонија. За својата револуционерна активност водел дневник кој претставува драгоцен извор на податоци околу подготовките и текот на Илинденското востание.

Детали