Вчитување на Настани

« Сите Настани

ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА КЛИМЕ САДИЛО

јуни 21

21 јуни 1965 година згасна животот на најпопуларниот охридски трубадур и виртуоз на виолина, Климе Садило. Основач е на популарната тајфа на охридски староградски песни, во која влегувале: Наум Курте, Паско Пепелко, Кирил Кузманоски – Катилот, Димче Карче, Ѓоре Чочег и Мехмед Утчи. Немало свадба или друга веселба во Охрид и околината, без Садиловци. Песните за Деспина, Фросина, Антица, за Фанче, за Катуше, за Осман бегот и други, останале длабоко во меморијата на Охриѓани и денеска со посебен восхит се пеат на разни веселби, свадби и седенки. Дел од нивното богато музичко наследство останало забележано на повеќе грамофонски плочи.

Како наследник на Садиловци и натамошен носител на трубадурската традиција се смета ансамблот „Билјана“ предводен од Кузман поп Стефанија, а неговото дело го продолжува нова генерација од млади, талентирани музичари.

Детали