- Телефон : +389 46 262 492
- Работно време : Пон-Пет 08:00 - 16:00
ГОДИШНИНА РАЃАЊЕ ВЕРА БИТРАКОВА- ГРОЗДАНОВА
јули 19

19 јули 1939 година во Охрид е родена Вера Битракова-Грозданова, македонски професор и научник од областа на археологијата и историјата на уметноста, член на МАНУ. Автор е на повеќе од 100 научни трудови од областа на археологијата и древната македонска историја, а учествувала во повеќе археолошки истражувања, претежно во Охридско-струшкиот регион. Добитник е на врвни македонски награди од областа на културата, меѓу кои и републичката награда „Свети Климент Охридски“.
