ОТКРИВАЊЕ СКУЛПТУРА И „ПРЕЛУДИУМ“ КАКО ВОВЕД ВО 35. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
- август 11, 2023
- 0
Во пресрет на триесет и петтото издание на „Поетска ноќ во Велестово“ в сабота на 12 август од 13:00 часот на сретсело во Велестово, свечено ќе биде откриена скулптурата „Раката на поетот“ од уметникот Никола Пијанманов, инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке. Скулптурата е донација од уметникот за фестивалот, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид.
Истиот ден, со почеток од 18:00 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање „Прелудиум“ – преднастан на јубилејната 35. Поетска ноќ во Велестово, на кој ќе читаат девет поети од пет земји: Марија Дејановиќ (Хрватска), Ким Симонсен (Фарски Острови), Танос Гогос (Грција), Марио Де Роза (Италија), Марко Грегур (Хрватска), Долорес Атанасова ‒ Лори, Ѓоко Здравески, Марина Икономова Шокева и Сашо Огненовски од Македонија.