- Телефон : +389 46 262 492
- Работно време : Пон-Пет 08:00 - 16:00
- Ова настан помина.
РАЃАЊЕ НА КУЗМАН ШАПКАРЕВ
февруари 1

1 февруари 1834 година е роден познатиот охридски и македонски интелектуалец и преродбеник Кузман Шапкарев, во литературата познат и како Паскалиев. Тој бил ученик и зет за ќерката Елисавета, на Димитар Миладинов. Се женел трипати, работел како учител, а неговата главна плодотворна ангажираност била на полето на собирањето на македонски и други народни умотворби, за кои оставил трудови од непроценлива вредност.
